Патувањето може да ве направи посреќни отколку стапувањето во брак, вели студијата!

Не е битно дали патувате со само една торба или пак правите резервација во некој луксузен хотел: сите патувачки искуства позитивно влијаат врз вашето здравје и ви дава значен ефект на ендрофин. За некои луѓе, уживањето може да ги оттргне од помислата за други значајни моменти во нивниот живот како земањето во брак или имањето дете.

Booking направиле фино истражување, а сајтот Bright Side ги сумираше резлутати од оваа интересна студија. Па, ние ќе со задоволство ќе ви ги пренесеме.

Патувањето ви дава непсредно чувство на среќа

За да ги добијат точните резултати, Booking интервјуирале 17,000 луѓе кои доаѓаат од 17 земји. Интервјуираните потврдиле дека само неколку работи можат да го заменат одењето на одмор кога во прашање е среќата. На пример, 77% од луѓето одговориле дека прават резервација за одмор кога сметаат дека е потребно го подобрат своето расположение веднаш.

Патувањето може да ви донесе повеќе среќа отколку некои други важни животни моменти

Најинтригантниот дел од оваа студија е тоа што луѓето тврдат дека тие го вреднуваат патувањето повеќе отколку некои други важни и среќни моменти во својот живот. 49% од прашаните одговориле дека поголемо ниво на среќа добиваат кога планираат и одат на одмор отколку она што го добиле на нивната свадба!

Речиси половина од испрашаните изјавиле дека одењето на состанок со нивниот партнер не ги исполнило толку емоционално како што тоа го направило патувањето. 45% тврдат дека верењето не им дало толку емоционален ефект како што тоа го направило патувањето. Дури ни имањето бебе, според 29% од испитаниците, не го дало истиот ефект!

Купувањето работи не можат да ви пружат толку уживање

Преку студијата, исто така се испостави дека луѓето повеќе ценат кога добиваат нови искуства отколку кога поседуваат многу материјални нешта. 70% од испитаниците одговориле дека одењето на одмор им дава толкава сатифакција што трае многу подолго од среќата што ја имаат кога ќе купат нешто ново.

Изгледа дека луѓето се спремни да го жртвуваат нивниот комфорт за возврат на имањето ново патувачко искуство. На пример, 56% од испитаниците, најрадо би отишле на одмор отколку да купат нова облека или гаџети, а 48% од нив се спремни да ги одложат некои ствари за дома само за да посетат нови места.

Дури и планирањето на патување го подобрува нашата емоционална благосостојба

Изненадувачки, но за 72% од испитанциите е доволно само да почнат да го планираат одморот за да се чувствуваат посреќни. На пример, 80% од нив се чувствуваат повозбудени кога само ќе ја погледнат мапата и ќе изберат места кои сакаат да ги посетат.

6 од 10 испитаници чувствуваат позитивно емоционално чувство кога ќе ги прочитаат хотелските рецензии и ќе ги замислат нивните идни патувања. Секако, ништо не може да го замени шопингот: повеќе од половина од испитаниците тврдат дека купувањето облека за одмор е една од најдобрите работи за поткревање на расположението!

Дали можете да се поврзете со резултатите од оваа студија? Дали некогаш сте имале патување кое ви го променило животот?

Посетено 450 пати