Оваа пензионерка (88) си го живее сонот! Го продала сиот имот и се преселила на лускузен крузер!

Кој би рекол дека 80-тите треба да ги поминеш старечки? Оваа 88-годишна баба е доказ дека годините се само бројка кога се во прашање остварување на своите соништа.

Вечестер Ли е името на жената којашто пред 12 години го продала целиот свој имот и на 86-годишна возраст закупила кабина во најлуксузниот крузер и оттогаш патува низ светот.

Во текот на овие години објавила и автобиографска книга за своето неверојатно искуство.

Вечестер Ли, или како што ја нарекуваат светските медиуми „Мама Ли“, го изгубила сопругот во 1997 година од рак, а кога останала сама, одлучила да го исполни ветувањето што му го дала на смртната постела: „Ништо нема да ме спречи да крстарам низ светот!“

Ли токму тоа и го направила. Го продала сиот имот и одлучила да се пресели на луксузен крузер, патувајќи без прекин, и така посетила стотици различни земји низ светот.

Меѓутоа, Мама Ли не е сама на тоа патување. Ја следат голем број помошници кои се грижат за неа деноноќно. Цената на овој неверојатен пакет (патување, кабина и послуга) изнесува неверојатни 160.000 долари годишно!

И покрај тоа, Ли смета дека парите не се важни со оглед на тоа каков квалитет на животот има сега. Сега Мама Ли станала маскота на овој крузер. Таа го дочекува секој нов патник на луксузниот крузер, секоја вечер танцува со нив, сето тоа во спомен на нејзиниот починат сопруг со кого крстарела дури 89 пати, пред да ги раздели смртта.

Животните трошоци се скапи, но вреди секоја пара потрошена на живот со полни гради. А токму тоа го напишала Ли во својата книга која станала бестселер.

Познато е дека на истиот крузер живеат уште три жени, пензионерки, кои ги поминуваат деновите исто како Ли.

Мама Ли со своето семејство се слуша преку Фејсбук, а досега го преминала Панамскиот канал 50 пати, била на повеќе од 200 крстарења и видела места за кои повеќето луѓе никогаш не чуле ни дека постојат.

Доколку се прашувате како изгледа животот на оваа неверојатна пензионерка, погледнете го видеото:

извор: stil.kurir.rs

Посетено 7.048 пати