Номче од Фчерашни: Што се критикувавме, а не се смени ни во 2019? (ВИДЕО)
Оваа недела уредникот на Фчерашни новости со тажна исповед.
„Се сменаја многу работи и власт и опозиција, ама некои работи останаја како што не треба да бидет.“ – изјави Номче
Повеќе од 4 години и еве веќе 5та сезона како постојат Фчерашни новости, но некои работи никако да се сменат.
Номче зборува за иселувањето на младите од државата, корумпираното судство, условите во македонските болници, администрацијата и многу други појави кои никако да се искоренат. Секоја година новинарите од Фчерашни ја почнуваат желни за нови предизвици, но се соочуваме со истите стари проблеми.
Тие се тешат дека ако ништо друго, барем знаат да се насмеат на своја сметка. Сепак, Номче не ја губи надежта „Се надеваме дека барем нешчо ќе се сменит во новава година“, изјави тој.
Ако веќе не знаете, дознајте последни што се криткуваа Фчерашни новости, а не се смени, од уредникот Номче во недела 19:30 на Канал 5 Телевизија.
Погледнете ја најавата во продолжение: