Нит мажите се банкомати, нит жените се роботи за правање пари. Ок?

Hello, long time no see… па и јас заслужив малку простор под сонцето на плажа и во убавото тиркизно море, нели?… Туку, доста фантазии да се вратиме ние на мојата борба во освестувањето кај паровите кои секојдневно си вршат тортури во секаков облик, од физичко до психичко, па до финансиско.

Да, финансиско.

Ние на Балканот сите насилства и злоупотреби ги доживуваме како нормални, па дури кога ќе се спомнат овие термини кај некои луѓе предизвикува гласно смеење. Но, после смеење, неретко настанува и проплакување кое трае и трае… со години.

Океј. Нит мажите се банкомати, нит жените се роботи за правање пари. Ок?

Во првите два дела, ми се чини останува уште еден дел, правев парарела кај двата парнери и овој пат ќе биде слично. Иако жените ги бие секогаш лош глас дека во својот дечко/вереник/сопруг гледаат извор на средства, а не битие… ни мажите не се ништо поарни. Всушност, полоши се. Ќе земат пари користејќи емоционална манипулација.

(Апдејт: темава ме измачи квалитетно… и беше предизвик кој си го ветив. Долг е и не знам колку ќе се чита… Но, ајде да ви кажам што спаѓа под финансиска злоупотреба врз партнерот, а после продолжете со моите блаблајки кои се многу поблаги од она што всушност е, но мислам дека исто се значајни.)

1. Закани, уцени, употреба на сила за добивање на пари.

2. Забрана за работење.

3. Контролирање на средствата со проверка на изводи од банка/искористени сметки/состојбата на трансакциската.

4. Искористување на лошата финансиска состојба кај партнерот.

5. Префрлање на вината за немањето пари.

6. Користење на паричните средства без дозвола и знаење на партнерот.

7. Користење на емоционална манипулација за изнудување пари од партнерот.

8. Забрана за еманципација и дошколување на личноста.

9. Апсолутна моќ врз паричните средтсва на партнерот.

10. Искористување на трето лице (децата) за изнуда на пари.

„Немам пари за искачање, и кога искачам со другар/ките, тие частат. Веруј ми…“

  • И така секој викенд. Добро во ред е да немаш, но навистина ли дозволуваш некој друг да те финансира постојано? И очекуваш повторно некој да го стори тоа за тебе. Ноуп. Најглупавиот другар нема да дозволи да части повеќе од три пати. Така што, мизерно е да очекуваш од девојка ти постојано да те носи на кафиња или да дремете по дома, само затоа што ти немаш 100 денари да го платиш своето кафе, бензин или пак, билет за некаде.
  • Кај жените е малку поинаку… Наде реши да ме почасти од првата плата, Вале ме викна… ние знаеме да го правиме тоа попрефинето. Иако по некое просто правило останало дека дечкото не е џентламен ако не ја части девојката.

Ние сето тоа сведуваме на 50/50. Затоа што секој си работи за своето парче леб и мајка Јана да си, па не заслужува некој постојано да му го јаде. Нели?

„Само уште овој пат, дај ми. Следниот пат ќе ти ги вратам со камата!“

  • Нах. Само уште овој пат се претвара во 100 пат… и што е најстрашно, добива… затоа што таа го сака.
  • Ист случај. Само кај жената е „ми требаат за нови шминки/нови сукњи/нов фустан/нови штикли, зарем не сакаш да сум ти убава“? И пак ако добие, некој друг е магаре како и во првава точка. И да, жената не бара позајмица, туку се лути, пошто следи „не ме сакаш“. И добива по првиот безуспешен обид.

Приказна за тешки денови…

  • „Многу ми е тешко, должам за кирија, треба да платам и сметки, не знам што ќе правам… оди, не се мачи со мене“. Емоционална манипулација од највисок степен. Ако навистина не знаеш што да правиш со животот, ќе фатиш да работиш и толку.
  • Сосема исто.

Луѓе, секоја приказна е тажна или среќна на свој начин… ама сериозно? Со плачки, емоционални злоупотреби, ниски манипулации никаде не одите. Испоти го гзот како сиот останат свет. На никого парите од небо не му паднале…

„Ме заеба, ми вети дека…“

  • Врска е едно, брак е друго. Но и во едното и во другото, никој никого не заебува, ако ти си сакал нешто, а не си го добил. И не прави намуртени фаци ако некој не може да ти позајми, за секого на денешницава се тешки времиња. Ако 10 пати си дал, а еднаш не си добил и се лутиш, тогаш тебе да ти биде срам што си побарал, а нејзе што и понатака останува со тебе.
  • Исто. Никој не е должен да ти купува. Освен ако не си спонзоруша… а тоа веднаш се чувствува, кога после недобиеното нешто, си заминуваш.

„Колкава ти е платата? Колку пари правиш?“

  • Упс. Најлошото прашање што било кој може да го постави особено на прв дејт или првите запознавања. Not your business, boy!
  • Ако ти каже дека прави помалку од твојата замисла, ќе го оставиш, иако личи на Мет Дејмон? Прстен од прв ден не ти става, во тоа биди сигурна… за неговиот кариерен напредок можеш да за загрижиш кога ќе сфатиш колку сериозно сакаш да бидеш со него. Ако нема напредок, тогаш оди си. Ако не, убеди го дека може повеќе. Но, парите нека не бидат фактор за останување/заминување од врската.

„Кај ги трошиш парите?“

  • Нејзини пари, нејзин живот. Освен, ако ти не ја финансираш, па таа постојано да ти бара пари. Останатото не треба да те занима! Како што ти сакаш да имаш свое уживање, така и таа.
  • Исто. Ако сте во врска, навистина немаш право. Но, ако сте во брак и дава се’ што е потребно за тебе и за децата, малку е невкусно да го прашуваш за парите кои ги оставил настрана за свој џепарлак. Сите се радуваме на него!

За крај, целосната дефиниција:

Посетено 583 пати