Нешто околу поезијата на Ипче…

Читаш ги Бодлер, Рембо
и други мајтори у естетика на грдото
читаш ги Башо и Бусон
и други мајстори на хаикуто
читаш го Буковски
и други мајстори у трансгресивната поезија
читаш ги Есенин и Мајаковски
и други мајстори на руската школа
од имагинизам до футуризам
читаш ги Рацин, Гинзберг
и други мајстори на битовата поезија
и некаде случајно ги слушнеш стиховите:
”Отворе се очи ко кафанска врата
еј ти ночи, сестро моја, прими ме за брата”
од Ипче Ахмедовски
и сфанеш дека џабе си губил време со овие од горните редови.

Еј, несречни ти човече, грано поломљена.

Посетено 418 пати