Не слушај вести, слушај си го телото, а пренеси им го тоа и на твојте

Пред непуна недела бев тестиран од КОВИД-19 и искочив позитивен. Тоа не е тема на објавата, ок сум, ок сме, надевам се дека така и ќе остане, а и ќе помине.

По добиените резултати, утредента имав редовен повик од извесен Ковид-центар, дека шо со стручно лице поразговарав околу симптоми, околу почитување на правила, дека сум бил последните недела ден и сл. Сума сумарумо му беше краток и јасен:

-Не излавај од дома 1 недела.
-Не форсирај физички напор.

-Ако ептен не можеш да дишеш или немаш сила за до тоалет да идеш, јави се на тај и тај број.

Прашав го шо треба да пијам од лекарства, околу диета, дали да внимавам на храна, унасање течности, крвна слика правење, контрола, на шо со потсмев ми одговори дека убаво би било сето тоа, ама у секојдневнио живот да го практикувам, и дека со Ковид нема никаква веза. Демек, ако те боле глава пи апче за глава, ако имаш температура парацетамол, ма не форсирај апчиња, џабе не се трови.

Зашо го прашав за сите тие ствари?

Затоа шо у меѓувреме се чув со роднини и пријатели од дома, шо имат лично или сведочат за туѓо корона искуство и заклучив дека у теко на годината сите помалку или повеќе станале експерти од алхемија, надрилекување преку фармација па до дијагностика. Нормално, овоа не го иронизирам, баш напротив, разбирам им го страво, разбирам дека медиумите не пренесат ништо друго освен информации за вирусо, а башка сите ги знаат гулаг-условите по нашите здравствени домови па одат на карта ‘боље спречи него лечи’.

Уште нешто, докторо телефонски ме праша од дека ми е идејата за сите тие работа шо му ги спомнав, на шо ја му одговорив дека у Македонија, независно од симптомите, процедурата е таква, со правење крвни слики, терапија, консултации со матичен, промена у диета и дека луѓето се уштукани и дополнително се информират и истражуват. Пред да ми ми спуште, уз благ кикот ми кажа:

“Не слушај вести, слушај си го телото, а пренеси им го тоа и на твојте. И уште нешто дечко, тај Заев каков шопак е, нигде нема да ве примат у наредните 100 години!”

Кирил Стоименов

Посетено 3.847 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!