Напрај дете, за да ја најдеш смислата на животот…

Повеќето од луѓето шо ги знам, суштинските кризи шо ги носе крајо на адолесценцијата и почетоко на младата возраст како шо се ‘и шо е смислата на живото сеа од кога се вработив и сум финансиски независен од моите’ го решија или намерават да го решат со наоѓање на партнер/ка, стапување у брак со истио/истата у рок од пола година максимум и правење на поколение шо за некои дваестина години ќе се сооче и справе со истио есенцијален проблем на ист начин. И се така у луп…

Нигде ни роќенрол, ни време за трансгресивна фикција, само ретки ракии-салати со купечка и префалена кавадаречка ракија и салата пазарена од супер-маркет, скоро-никогаш одење бос по земјата, ни зјапање у небото за џабе, фамиљарни ручоци од градски кујни, нула политички некоректен хумор, од 8 до 4 роб на газдата, после на самио себе, брзање у застојо, скапи транквилајзери, строго родителствување, за курац, децата ти па јадат табли и пијат како камили, зајнат на тебе, пошто не си ги ни познаваш како шо треба, катетар, ауфидерзеХн.

Посетено 459 пати