Најубавата парола која ја прочитав денес!
Заглавена во кола во гужвите денес, си пуштив музика и си пеев. Од мерак. Не се нервирав и не обвинував никого. Зошто знаев дека средношколците протестираат барајќи ДА ДИШАТ! Ништо повеќе од тоа.
И кога на такво оправдано и сосема легитимно барање некој ќе се дрзне да им се заканува, најостро осудувам. Го поздравувам разрешувањето на директорката на Карев која си дозволила да ги спречува децата да го изразат својот револт на мирен начин, со бојкот на наставата. Треба еднаш засекогаш да заврши тоа време на директори – цареви и царици кои мислат дека можат да прават што сакаат!
Секој еден кој апропо овој статус ќе се осмели да ми спомнува партии, и да коментира како овие или оние ги натерале децата да го дигнат својот глас на разумот како да не знаат да мислат со своја глава па некој мора да ги команда што да прават, веднаш го бришам и блокирам! Ми се смачи веќе да слушам партиски препукувања и обвинувања. Поради нив сме овде кај што сме. Поради партиите подалеку од носот не гледаме. Поради нив ги минимизираме најголемите вредности како живот и чист воздух, дури и нив ги партизираме. Поради нив возрасни се однесуваат како деца, а деца како возрасни, зрели и одговорни граѓани на оваа држава. Наместо децата од нас, ние од нив понекогаш треба да учиме! ЛЕКЦИИ НИ’ ДРЖАТ!Горда сум на средношколците и ги охрабрувам никогаш во животот да не молчат пред неправди и мирно и ненасилно да се борат за своите права без компромиси! ИМАТЕ ПРАВО ДА ДИШЕТЕ! Кога веќе ние возрасните не успеавме да ви бидеме модел, пример и лидер, бидете вие самите, храбро и без двоумење!
Брутално точно. Најубавата парола која ја прочитав денес!
Посетено 455 пати