Место со душа: Кочани
Рајот над Кочани, Хотел Градче
.
Игор вели дека на времето толку се вљубил во тоа место, што едно време не само што бил дел од персоналот, туку таму си имал скоро се што му е потребно. Од четкичка за заби….до гитара. Таму ја напишал “Прирачникот за анти-антиалкохоличари“, како и легендарната “Диши длабоко“, посветена на неговиот кочански другар и брат Зоки Бисе. Хотелот “Градче“ се наоѓа на неполни сто метри од езерото. Обвиен со шума од сите четири страни. Прекрасен поглед и непочувствуван воздух. Мојот газда вика дека тука видел птици што ги нема на ни едно друго место. Пешачката патека околу целото езеро, е вистинско уживање за туристите. Нема да знаете што попрво да сликате.
Погледнете го видеото…
Поврзани статии: Рибник Таушанови, Радовиш
Посетено 16.158 пати