„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Македонскиот филм „Медена Земја“ е меѓу петте кандидати за наградата најдобар евроски документарец за 2019 година. Со одлуката донесена во Севиља, „Европската филмска академија“ на „Европските филмски награди“ го номинираше филмот во изборот за најдобар документарен филм.„Медена земја“ влезе во потесниот избор откако претходно беше во конкуренција со 12 филмови кои беа сериозни кандидати за оваа награда. Најголем дел од гласовите на членовите на ЕФА, кои се 3600 на број, гласаа за „Медена Земја“ влезе во потесниот круг.Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

Филмот раскажува за Атиџе, последната пчеларка во Европа која се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.

„Медена земја“ е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на оваа година се закити со три главни награди на престижниот фестивал „Санденс“. Филмот е македонски кандидат за „Оскар“.

Режисерите и главната протагонистката во „Медена земја“ – Атиџе Муратова деновиве се во Њујорк, каде што на 10 ноември во Бруклин ќе бидат доделени наградите Избор на критиката за документарци (Critics’ Choice Documentary Awards). Филмот е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа. На церемонијата на Атиџе ќе ѝ биде врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Посетено 54 пати