Онлајн лек против мамурлук vs. Вистински лек против мамурлук
Онлајн лек против мамурлук:
Кафе, два цедени лимона, прошетка у природа.
Вистински лек против мамурлук:
Завиен под ќебето цел ден, 17 литра вода, 3 литра јогурт, литро расолница, репититивно спомнување залудно името божјо, перманентно изговарање на четвртата согласка (пр: Оооооооо) у продужение поткована со егзистенцијална мисла (пр: Ќе умрам), развивање на привремени дистопични парадигми од типо: “Од утре не пипам алкохол, пазам шо јадам, верувам дека сме настанале од Адам и Ева, излавам на избори”, компулсивни мастурбации со цел барем на секунда астрално да се проектираш од затровеното тело, не дигање на никој, дефинитивно откажување на цигарите, Енап, Рупурут, Вентор, “Мамо свари супа”, уште еден Вентор. И за дванаестина саата ти буде боље.