Колку чини почитта?

Добро утро, мој убав народе!

Денес ќе зборуваме за почитта, ах… тоа бесценето зборче кое толку вреди, а толку малку се цени! Колку е само контрадикторно, апсурно, парадоксално… толку е просто. Да почитуваш некого! Сигурно за некого е science fiction… ма повеќе од сигурно… секој ден го чувствувам тоа на своја кожа.

Damn!

Почнав пак да „плачам“… јеби га. Каква сам-таква сам…

Мислам… која е поентата некој да се менува ради некого постојано за да му удоволи? Океј е конструктивна критика, но целосен непочит кон твојот труд и дело? Auch! Боли… и не само што боли пече.

Моево плачење не е само обично цимолење, повеќе е еден вид освестување… ако можам така да го наречам. Па, ајде вака да започнеме…

Доколку јас ги ценам другите заедно со нивните мисли и дела, тогаш повеќе од веројатно е да го очекувам истото и од нив. Проста математика, иако сум жиц труп кога таа е во прашање.

Зошто доколку пружиш внимание и разбирање, наидуваш на отпор? Која е таа релација? Кој е тој контра-правец?

Знаете ли вие „непочитувачи“ дека секое трпение има свој рок на траење? Не знаевте, еве јас ви кажувам. Колку и да звучи патетично, сепак сите доаѓаме во еден стадиум на сеедност после долго трудење и секое подоцнежно ваше трудење кај нас е под знак прашалник, како да сте во бубањот на сомнителноста. И друг да се сомнева во мене после толку перипетии на мои непочитувања и разни нарушувања, немам право да се лутам. Апсолутно. Затоа каењето е толку гадна ствар, можеби следен пат и затоа ќе пишувам т.е. ќе зборуваме, отом-потом… иако само ќе напоменам дека каењето е гадно исклучиво поради тоа што никој не го прифаќа целосно и не секогаш се сфаќа за сериозно. Жалам. Секогаш постои доза на сомнеж. Дали е тој сомнеж со причина или не, никогаш не може да се дознае. Иако сепак постојат луѓе кои целосно простуваат, јас сум една од нив и верувам во каењето. Изгледа сум будала, но и јас се каам за многу работи. А колку тие мене ми простиле, којзнае…

Нејсе, зборувавме за почитта.

Луѓе, креативноста е најширокото отворено поле кај секој поединец. Не му ја угушувајте, не му ја бранувајте… освен ако не чувствувате нужна потреба за тоа. И тоа нека не биде „гасна комора“, туку совет.

Секој човек кој создава нешто „умира“ за своето дело. И се труди да го сведе до совршенство. Па, кои сте вие да го згаснувате? Како вам би ви било некој да ви се „помоча“ врз цвеќето кое толку време го чувате? Книгата која само што сте ја купиле, а долго време сте ја посакувале?

Ставете си ја почитта во својот речник и почнете да ја употребувате. Луѓето околу вас ќе бидат посреќни, верувајте. Секој може и знае да осуди, ама апсолутно секој. Секој знае да залепи етикета, секој знае да мечува со навреди и да плука, секој знае да „врши нужда“ врз се’ и сешто. Зарем до толку сакате да сте гадни? Знаете ли дека сето тоа е забрането да се прави на јавни места? А вие, го правите секаде… на работа, дома, на улица, во автобус, на факс, во улилиште… И после смрди, море не смрди, труе!

Јас ги сакам животните можеби многу повеќе од луѓето, освен најблиските се разбира, за нив не постои цена. Ги сакам безусловно и неизмерно. Од нив научив да сум ова што сум денес, а од животните… од животните научив што е почит.

Толку од мене… се надевам во следна прилика и повеќе 😉

Посетено 475 пати