Кога една случка ќе ти го разубави денот

Одам јас у апотека да си купам капки за очи и налетувам на млад дечко-апотекар, екстра љубезен и насмеан. Ми ги издава капките без рецепт и извештај од специјалист, ми наплатува некои 150 денари, а јас за да се реванширам за љубезноста му викам дека утре ќе ја добие копијата која му треба (за да се “покрие”, пошто нели, сите нешто се “покриваме” со разноразна хартија” )..И таман тргнав да си одам дечкото вика: “чекајте, сметката” , ми дава фискална, а со фискалната ми ги враќа моите 150 денари…Јас запрепастено му викам дека со тие пари си ги платив капките, дека тие му се за во каса, а он мене: “што да ви кажам госпоѓо, заљубен сум” …Е дечко, блазе си ти, да си жив и здрав….Со насмевка си заминав од апотеката, а денот од прилично тапа, некако ми се разубаве…а и светов некако поубав ми се виде…

Паула
Посетено 1.835 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!