Киро Димитров наполни 60 години

Кире Дива, легендата на скопските шанкови  наполни 60 години…

Киро е дипломиран Градежен инженер, испитите ги спремаше кај Маџо на шанк во крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите. Татко на две прекрасни ќерки. Еден од ретките кој  и ден денес е активен во скопскиот ноќен живот со својот препознатлив life style кој го нема сменето никогаш.

Човек со кратка моторџиска историја кој беше сопственик  на четри салатари со кои се прослави во деведесеттите како еден од ретките кој за нова година има продадено неколку тони руска салата. Моментално опстојува само една “Салатара Дива” во која го поминува речиси целиот ден.

Во просториите токму во овој негов, сега единствен дуќан кој се наоѓа на улица “Орце Николов” пред петнаесеттина години се проба и во правење сопствено пиво за кое се шпекулира дека гигантите во произвотство на пиво, т.е останатите пивари му имаат дадено солидна сума за да го прекине производството и не им влезе во нивниот вносен бизнис.  🙂

Мондриан 90-ти Скопје

Останатото е историја…

Летната тераса на “Салатара Дива” во деведесеттите

Кире, цепај вака до 100тка, па за после ќе се договориме накнадно. Рано е за кај Зеко, он уште планира да не планира…


©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.048 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!