„Јавна соба“ почна со подготовките за настанот „Дизајн што продава“

ОТВОРЕН ПОВИК
Тридневниот настан „Дизајн што продава“ ќе се одржи од 17 до 19 март и ќе претставува стимулација за младите претприемачи и брендовите во развој во Македонија. Учеството и програмата на сите учесници ќе им помогнат да развијат поиновативен пристап до пазарот, да основаат здрава комуникациска стратегија и да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки, што резултира со зголемување на продажбата, како на домашен така и на странски пазар.
[fblike]
Настанот „Дизајн што продава“ нуди можност не само да бидат изложени и да се продаваат производи и услуги, туку и да се комуницира и соработува со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.
Програмата е структурирана во следниве категории:
– Изложба на дизајн производи и услуги
– Отворени предавања
– Приватно советување за учесници
– Забавна програма и неформално дружење
„Дизајн што продава“ ќе биде одлична можност да се праша каква порака пренесува амбалажа не само за производот туку и за брендот.
Главната идеја зад овој настан е да овозможи продажба, даде видливост на брендовит, да помогне во комуникацијата со експертите со цел да се разменат идеи, да се споделат најдобрите искуства, да се изгради стратешко партнерство и да се зголеми профитот од работењето.
Изложбата ќе биде со продажен карактер и ќе дава поголема видливост на младите брендови, нивните производи и услуги, со што тие ќе имаат финансиска корист преку директна продажба, ќе добијат повратна информација од посетителите, ќе профитираат од учеството на отворените предавања на експертите од регионот и, на крај, учесниците ќе имаат огромни придобивки од приватните сесии со експертите кои ќе им дадат совети кои се однесуваат на нивниот бизнис , бренд и позиционинрање на пазарот.
Информации за тоа како да се пријавите за учество на настанот може да се добијат на [email protected] и тука.
Посетено 219 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!