Домашен пинџур
[fblike]
Било да е како главен оброк или пак како додаток и своевидна зимска салата покрај главното јадење, пинџурот е превкусна опција во текот на есенските и зимските денови. Рецептот за домашен пинџур трпи варијации и измени, а во традиционалната македонска кујна е присутен со векови. Следниот е за поголема количина од која нешто ќе ви остане и за некој од следните оброци.
Состојки:
Црвени пиперки – 3 кг.
Домати – 2 кг.
Модар патлиџан – 1
Масло – 3 дл.
Оцет – 2 дл.
Лук – 1 главица
Магдонос – 1 страк
Мелена лута пиперка – 100 гр.
Сол – 2 лажици
Шеќер – 2 лажици
Целер – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Доматите, модриот патлиџан, црвените пиперки и лутите мелени црвени пиперки ставете ги во еден сад и испечете ги во рерна. Потоа излупете ги и сомелете ги во машина за мелење. Исто така, сомелете го и лукот.
Чекор 2:
Загрејте го маслото и во него ставете ја сомелената смеса. Пржете околу еден час притоа мешајќи. Додајте го оцетот, солта, шеќерот и исечканите магдонос и целер. Пржете уште 20 минути.
Чекор 3:
Добиениот пинџур ставете го до врв во претходно загреаните тегли кои потоа ќе ги свртите да стојат на нивните капаци. Во таа положба оставете ги да се изладат.
Чекор 4:
Сервирајте топло или ладно, по вкус.
Посетено 371 пати