Колач со вишни

kolac so visni

Колачот со кој пораснале повеќето од нас и кој и денеска е еден од најпопуларните и највкусните на секоја трпеза.
Состојки:
Јајца – 5
Шеќер – 300 гр.
Брашно – 300 гр.
Масло – 200 гр.
Јогурт – 200 гр.
Прашок за пециво – 10 гр.
Вишни – 500 гр.
Инструкции:
Чекор 1:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Одвојте ги жолчките и белките, жолчките матете ги со шеќер додека не добиете жолтеникава пенаста смеса. Потоа на таа смеса додајте и јогурт, масло, брашно и прашок за пециво и одново изматете.
Чекор 2:
Во посебен сад изматете ги белките додека не добиете бела пенаста смеса која потоа ќе им ја додадете на жолчките. Се заедно изматете рачно, смесата која ќе ја добиете мора да биде пенаста.
Чекор 3:
Намрсете и набрашнете тепсија со пречник од 30 сантиметри и во неа ставете ја претходно добиената смеса. Одозгора распоредете ги вишните кои претходно, доколку тие пуштиле сок, сте ги исцедиле. Намалете ја рерната на 180 степени и ставете да се пече околу половина час.
Чекор 4:
На крајот колачот наросете го со шеќер во прав, оставете го добро да се излади и послужете.
Посетено 3.370 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!