Извини Лујџи, ама Марио ја лапа принцезата…

Вчера нешто читав статии за светска политика, па за екологија, па за култура и така се најдов у прашумата од мисли во мојата глава. Така лутајќи без компас, од секаде ми одекнуваше со морган-фрименовски глас зборот: ‘НЕПРАВДА’
И не знам зошто, ама одма се сетив на легендарната Нинтендо игра со која пораснаа еден куп генерации, Супер Марио Броз. Креација на Шигеру Мајамото, игра со најзаразна музика на свет, приказна на двајца браќа водоинсталатери, Марио и Лујџи, кој со сизифски напори минуваат низ 8 светови за да ја ословодат принцезата од злобната ламја. И се е тоа толку забавно и игриво. Но да копмнеме малце подлабоко.

paricki

Сите, ама баш сите, играа со Марио. Лујџи кој го врти. Тринаесто прасе. Последна дупка на свиралото. Ринго Стар у Битлс, Лујџи е вечно во сенката на Марио. КАКВА НЕПРАВДА!!! А можам да се кладам дека е добар со сите, за разлика од Марио кој со тек на време станал попмезно гомце. А и заборавил на Лујџи. Сто посто седи дома со принцезата и со друштво, јадат печурки, трипаат и ги трошат паричките којшто ги собрал успат низ осумте светови.
Сите сме ние по малку Лујџи. Секој ден.
Посетено 320 пати