Идеја за филм: сите заговори се вистинити: Кина прави вирус со лабараторија, но…

Идеја за филм: сите заговори се вистинити: Кина прави вирус со лабараторија, но вирусот е паметен па се закачува на 5г мрежа и почнува да се шири низ светот. За да го сопре вирусот, НАТО испраќа 150.000 војници во ЕУ, а за полесно да го пратат ширењето, Бил Гејтс почнува да го чипира народот, се’ во тајност…

Во приказната влегува Славица, Славица била на интернет, го окрила QAnon и инфо каналите, изгледала се’ и сега знае што е лага а што е вистина, и има тајно оружје: родителска Вибер група…

Подоцна со неколку постови со клучни зборови: „на паметниот му е доста“, „вистината е откриена“ и „ова нема да го најдете во медиумите“… Славица собира армија на истомисленици.

Си споделуваат еден на друг постови со коментари: Што ни прават, стоп за вакцините, итд… остатокот од филмот е како Hunger Games Mockingjay part 2…. го освојуваат светот, ја симнуваат елитата, ротари клубовите, илуминатите, Ротшајлдови, а потоа почнуваат да создаваат нов свет… но…

Kлифангер за франшиза:
Инт. бункер, лабораторија, брдо научници со лого на илуминати на мантилите, секоја епрувета, микроскоп и монитор има лого на илуминатите, брендирани како Мекдоналдс, гледаат во 3Д принтер, принтер за весниците на Славица. Научниците ги симнуваат маските, сите се Славица… крај?

Никола Силиќ

Посетено 494 пати