И нели ќе си ги к’снеме. Па шо!


Нели вчера си направив 2+ ручеци и нели си ги оставив на шпорет да се оладат. И нели го затворив шиберот скроз за да не влезе Гиом мачорот. И нели сабајлечки се договаравме кој да ги стави тенџерињата во фрижидер. И нели никој не ги стави. И нели се враќам дома и нели Гиом се претворил во течна агрегатна состојба и се протнал низ шиберот и ги отворил нели двата капака и си к’снал од двете манџички по малце.
И сега шо? Ништо ќе ги ставам едно петнајс-двајс минути да вријат или по нашки термички ќе ги обработам за да утепам колку толку некој микроорганизам. И нели ќе си ги к’снеме. Па шо!

Посетено 360 пати