Година дена од смртта на Горан Стефановски, човекот кој беше пред своето време, а вистината за нас ја претскажа во своите драми

На 27.11.2018 после кратко боледување, на 66 години, во Англија почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски… човекот кој беше пред своето време и како да знаеше што ќе се случи, па во своите драми неуморно ја претскажаше иднина… и тоа употребувајќи само по неколку реченици. Неколку реченици доволно силни да предизвикаат немир во нашите души. И иако неговата душа замина, сепак остави голем дел од себе во вид на трајно литературно богатство.

Неговото семејство посади чинар во Дебар Маало во негова чест, кога тој требаше да наполни 67 години, на 27 април.

„Тоа дрво е поставено во спомен на Горан Стефановски. Тоа дрво само што си го започна животот тука на ова место, насилно за жал го извадивме од својот дом и го донесовме тука, за Горан. Еден живот згасна, ама тука еве друг започнува. Предлагам да го викаме Горан, или Горанчо нагалено, додека да не порасне, па ајде да му кажеме: Здраво Горане. Добредојде дрво. Се надевам дека тука ќе ти биде убаво, дека ќе пуштиш длабок корен и дека ќе бидеш среќно. Еве ние во овие два часа ќе ти праќаме позитивна енергија, за да знаеш дека нема потреба за страв и дека те сакаме. Да наздравиме. За многу години“, рече неговиот син Игор, во таа пригода.

Г.Попов 

А денес, една година од смртта на Горан Стефановски, во Охрид е поставена спомен плоча во негова чест, а истата во живо можете да ја видете на Античкиот театар.

За крај, да се посетиме на една од најпознатите реплики од познатата драма „Диво месо“, која ќе ве подзамисли.

Диво месо – Горан Стефановски

Диво месо

Posted by Mr. Upload – Г-дин Закачи on Wednesday, November 27, 2019

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 1.876 пати