Доколку го запросите дечкото на 29. февруари – бесплатно ноќевате на Исланд
Хотелот Ранга, околу еден час оддалечен од Рејкјавик, за 29. февруари има посебна романтична понуда: бесплатно ноќевање за двајца, за сите дами кои ќе се одлучат токму на тој ден да го запросат својот партнер.
Овој хотел на Исланд со интересната идеја на заљубените сака престојот во хотелот да им го направи уште поинтересен. Хотелот Ранга се наоѓа на околу саат време од Рејкјавик, и е далеку од градската врева, а жените кои ќе ги наговорат своите партнери да поминат одмор во февруари добиваат уште едно бесплатно ноќевање, ако баш на 29. февруари се одлучат да го запросат својот партнер.
Координаторот за венчавки во хотелот ќе им помогне на жените да се одлучат за тој чекор и да го испланираат така што тој ќе биде посебен. Така можете да уживате во прекрасната природа која го опкружува хотелот, под водопадите, или во тоа хеликоптер да ве префрли до хотелот, па да можете да уживате во величествениот поглед.
Ве очекува бесплатен појадок – секако, јагоди со чоколада и шампањ, па прошетка до ѕвездената опсерваторија, каде ве очекува поглед на небо и прекрасни приказни од грчката митологија.
Исланд е општо држава која води грижа за правата и положбата на жената, па во хотелот се горди на оваа традиција.
„Сакаме да ги охрабриме жените кои имаат храброст да го преземат водството не само на овој ден, туку и општо во животот, и да ги славиме поради тоа. А и се наоѓаме на многу убаво место, па првата прилика за романтичен одмор и авантуристичка обиколка, така што не е тешко да се пронајде тој момент за таква одлука“, вели директорката за маркетинг во хотелот.
Откако партнерот ќе каже „да“, ве очекува романтична вечера со исландски специјалитети, како кремава супа од јастог со зачини и јагнешко со пире од карфиол.
Кога ќе падне мрак, идеално време е за нуркање во една од трите кади со геотермална вода, со поглед на спектакуларните светла и ѕвездите, како и ноќевање во една од 52 луксузни соби, пренесува Инсајдер.
Во случај да ве ставивме во мисла, имајте на ум дека хотелот често е пребукиран, па треба да си резервирате – што е можно поскоро.