Добрите и лошите страни на климатизерите

Како резултат на тековниот жежок бран климатизерите во домовите и канцелариите работат пркувремено. Тие обезбедуваат какво-такво олеснување од неподносливото време и се решение за да се спречат некои болести и смртни случаи предизвикано од преголемата жештина. Но, климатизерите, сами по себе можат да доведат до здравствени проблеми доколку не се чистат и одржуваат правилно.
Еве што треба да знаете за добрите и лошите страни на климатизерите и нивното влијание врз вашето здравје.
Добра страна: Намалување на ризикот од топлотен удар
Клима уредот е број еден заштитен фактор против болестите и смртните случаи предизвикана од жештината. Категории на луѓе кои се најранливи на болести предизвикани од жештина се деца на возраст до 4 години, луѓе на возраст над 65 години, како и луѓе со прекумерна тежина, хронично болни или пак оние кои примаат одредена терапија со лекови.
За да се намали ризикот, лекарите препорачуваат пиење многу вода во текот на летото и да престојуваат во климатизирани простории во текот на најжешките дел од денот.
Лоша страна: Бактерии, мувла и габи
dobrite-i-losite-strani-na-klimatizerite-2Климата може да биде плодна почва за растот на бактерии и габи. Влагата предизвикана од кондензација кој се формира кога студениот воздух циркулира низ апаратот, се акумулира во цевките и перките на вентилаторот. Доколку климата не се сервисира редовно, мувлата и габите можат да се наталожат и потоа да бидат разнесени во воздухот.
Овие микроорганизми доведуваат до голем број на проблеми со дишењето, вклучувајќи пневмонија и Легионерска болест, тешко воспаление на белите дробови предизвикано од бактерија, позната како легионела.
Добра страна: Олеснување на тегобите од алергии и астма
За лица со алергии или астма, истражувањата покажуваат дека климатизација може помогне да се спречат нападите. Клима уредите го филтрираат воздухот од полен од дрва, треви и плевел и го чуваат воздухот да циркулира во затворен простор. Климатизерите, исто така, ја намалуваат влажноста во просториите, со тоа се намалува растот на прашински грини и мувла.
Лоша страна: Синдром на болна зграда
Климатизерите можат да придонесат за развивање на т.н. синдром на болна зграда, склоп од различни здравствени проблеми, предизвикани од продолжено време поминато во ист затворен простор. Симптомите може да вклучат вртоглавица, суво грло, чешање на очите и гадење. Една студија во магазинот Occupational and Environmental Medicine покажува дека климатизираните згради обично имаат почеста застапеност на вработени кои страдаат од симптомите на овој синдром, отколку оние кои работат во природно вентилирани згради. Една мала студија покажала дека системите со ХЕПА – HEPA и/или јаглеродната филтрација на воздухот може да помогнат да се намалат симптомите и да се подобри продуктивноста на вработените.
Совети за чист воздух
За да се ​​осигурате дека вашиот клима уред ќе ве лади и ќе ви го одржи здравјето и ова лето, редовно чистете го и секако не заборавајте да го промените филтерот за воздух. Проверете дали вентилаторот работи правилно. Во никој случај не чувајте бои, средства за чистење или други хемикалии во близина на вашиот клима уред, греење и вентилација, бидеќи постои можност опасните гасови да се прошират низ куќата.
Посетено 762 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.