“Диши длабоко”, песна која потекнува од рајот над Кочани
Игор вели дека на времето толку се вљубил во тоа место, што едно време не само што бил дел од персоналот, туку таму си имал скоро се што му е потребно. Од четкичка за заби….до гитара. Таму ја напишал “Прирачникот за анти-антиалкохоличари“, како и легендарната “Диши длабоко“, посветена на неговиот кочански другар и брат Зоки Бисе. Хотелот “Градче“ се наоѓа на неполни сто метри од езерото. Обвиен со шума од сите четири страни. Прекрасен поглед и непочувствуван воздух. Мојот газда вика дека тука видел птици што ги нема на ни едно друго место. Пешачката патека околу целото езеро, е вистинско уживање за туристите. Нема да знаете што попрво да сликате.
Погледнете го видеото…
ДИШИ ДЛАБОКО
Имам еден другар,
еден од оние малкуте што не ми згрешил,
дури и ме утешил…
Се гледаме ретко,
ретко ама многу, многу квалитетно
и дискретно ќе ме распраша:
Како си, што си, кај се изгуби?
Како си, што си, па гледам добар си?
Како си, што си, си се изменил?
Како си, што си?
Си се здебелил…
Него го сакам дека има една чудна,
една малку-многу блудна филозофија.
А таа гласи:
„Ако си скаран, баран, спречен, лечен,
најди поле, поле широко,
Па земи воздух и диши длабоко.
Затвори очи и диши длабоко.
Исклучи уши и диши длабоко.
Растерај мисли, па диши длабоко“.
И бргу сфатив дека ова чудо делува
и развеселува.
Некоја чудна сила право в срце ти се вселува,
ова стварно делува.
Ајде другар, најди едно наше поле широко
и диши длабоко, и памти:
„Заб за заб, око за око… ти диши длабоко“.
Пред некое време,
се сретнавме во едно мало место депресивно,
дури приспивно.
Тој малку скаран, јас многу баран.
Тој многу спречен, јас малку лечен.
Тој малку down, јас многу clown,
На мајка личен… клаустрофобичен.
Ме праша:
„Како успеваш да бидеш жив?“
Па, дишам длабоко.
Луѓе злобни, ама кој ги врти нив,
јас дишам длабоко.
Ајде другар, најди едно наше поле широко,
па диши длабоко, и памти:
„Заб за заб, око за око… ти диши длабоко“.