„Динерс Клуб Македонија“ повторно добитник на награда за „Најдобра кредитна картичка посветена на грижата за корисници и нивно задоволство“

„Динерс Клуб Македонија“ повторно добитник на награда за „Најдобра кредитна картичка посветена на грижата за корисници и нивно задоволство“. Престижно признание во глобалната финансиска заедница кое го доделува Global Banking & Finance Awards®.

Global Banking & Finance Awards® се создадени за да им доделат признанија на компаниите кои се истакнати во одредена област. Наградите се познати во глобалната банкарска и финансиска заедница. Тие ги рефлектираат иновациите и достигнувањата, како и прогресивните и инспиративни промени што се случуваат во рамките на финансискиот сектор.

Грижата за корисниците е единствената формула за водење на успешна компанија, наградата е само дополнителен мотив за „Динерс Клуб Македонија“ да продолжи со својата мисија да го олеснува секојдневието на своите членови и да допринесува во удобноста на живеењето. Обезбедувајќи попусти и рати во над 4.000 продажни места ширум земјата, за „Динерс Клуб Македонија“ примарен фокус продолжуваат да бидат потребите на нивните членови.

Посетено 165 пати