Да бидеш љубезен, драг и добар човек. Можеме ли тоа да го наметнеме како тренд?

Знаете ли колку луѓе денес вложуваат пари и енергија да би се допаднале некому? Како по нечии стандарди би биле убави и згодни. Нашминкани.

Знаете ли колку празни души има под тие фасади? Баленсијага прескапи патики, пудра од стотици евра и останати лаги кои скапо ќе ги платиш мислејќи дека така ќе бидеш кул.

Замисли да вложиш пола од таа енергија да бидеш добра личност. Љубезна. Скромна. Реална и паметна. Нешто да прочиташ или да научиш.

Пред неколку дена, јутуб во „трендинг“ ми даде клип во кој јутубери, тинејџери, зборуваат за тоа колку чини гардеробата која ја носат. Дали сте знаеле дека постојат памучни маици од некој бренд кои чинат по 300 и повеќе евра и каиши од исто толку пари? Патики од 700 евра и прескапи часовници. А дали знаевте дека тие деца кои ги носат тие прескапи ствари се идоли на илјадници деца низ Балканот?

Постојат девојчиња кои имаат вештачка уста и кои рекламираат разни козметички салони кои би требало да ти помогнат да бидеш убав. Немојте погрешно да ме сфатите, многу е важно да сте уреден, чист и миризлив, но каков козметички третман ѝ е потребен на девојче од 17 или 18 години за да биде убава? Какви вештачки нокти кои потсетуваат на канџи?

Што се случи со идеалите за убавина и кој воопшто ги наметнува?

Знаете ли колку познавам прекрасни и мили луѓе кои по никаква мерила не биле убави, а се преубави? Немаат нацртани веѓи, напумпани усни, испеглана коса. Немаат нови „грди патики“ кои некој минатата година ги наметна како тренд за кои би требало да дадеш голема сума на пари. Но имаат харизма кои не можеш да ги купиш со никакви пари, ниту да се сокриеш никаков тренд.

Немам јас ништо против трендовите, модата. Имам против тие императиви кои ги наметнуваат децата кои сè уште добро не разликуваат што е добро, паметно и убаво. Што е императив? Императив е секогаш над она што е површно кое се купува во продавница.

Зошто да не ги учиме децата е кул да читаш? Да мислиш. Да бидеш добар математичар. Физичар. Да готвиш. Тоа е она од кое што ќе имаш бенефити, а немаш од напумпаните усни и канџи наместо нокти. Патики од 300 евра нема да ти гарантира дека ќе имаш пријатели кои те сакаат. Нема ни таа прескапа чанта. Ни тој бренд кој вришти од твојата маица.

Понекогаш би можеле поевтино да поминете во животот кога би можеле да купиме сè и кога сето она купено би било гаранција на сè, но не е.

Животот е многу покомплексен од сето тоа што е на излогот. И ти си многу покомплексен од таа твоја фасада.“

После неколку години беше во тренд да си слаб, па во тренд беа силиконите, па пак посакавме да имаме нешто природно, но пак не премногу, па удривме на хијалурон, па Ким К. Го „патентираше“ големиот задник. И нека. Секогаш било во тренд некои луѓе да се она што се. И кому му е грижа? Нека бидат тоа што сакаат. Но, немој да мислиш дека мораш или можеш да бидеш како нив.

Јас за себе никогаш не сум мислела дека сум убава, ни грда. И тотално сум во ред со тоа. За тој свој физички дел не размислувам премногу. Постојат денови кога си се допаѓам себеси, и на оние другите. И тоа е исто во ред. Многу ми е поважно да има повеќе денови во кои мојата душа ќе биде мирна. Во кои нема ништо да ме гребе, ништо нема да ме тишти. Во кои никој не ги комплицира оние едноставни работи.

Постојат денови во кои купувам преценети патики. Но тие се за мене само патики. Нешто што облекувам затоа што ми се допаѓа и затоа што ми е удобно.

За жал, постојат денови во кои тие патики можат да го диктираат моето расположение. Во кои можат да ме поправат, насмеат, прегрнат. За жал, ако беше така, рецептот за среќа ни било многу едноставен.

Немам ништо против естетската медицина, против модата, шминката, против скапото, сè додека правиш поради себеси, а не поради трендот. Сè додека тоа го правиш поради себе, а не поради трендот. Сè додека тоа го правиш затоа што го сакаш.

Не му е секому сè убаво. Не постои еден универзален идеал за убавина. Не мораме сите да бидеме слаби, русокоси. Не мораме сите да имаме ни големи гради, ни совршено затегнати нозе. Не мораме сите да сакаме штикли. Не мораме сите да сакаме скапи автомобили. Не мораме сите да имаме совршено обликувано лице и усни. И ПОВТОРНО НЕКОМУ ЌЕ БИДЕМЕ УБАВИ.

Би било добро кога сите би биле најубава верзија од себеси внатре, затоа што тоа е универзално. Да бидеш љубезен, драг и добар човек. Можеме ли тоа да го наметнеме како тренд?

Јелена Деспот

Посетено 535 пати