Да беше Фејсбукот институција, сигурно ќе беше психијатрија!

Добро утро!

Колумната претставува јадење вафли за џабе, без притоа да се здебелиш.

Ќе ја оставам патетиката и класиката на страна, па нема да ве наречам ни убав ни добар.

Нејсе, поттикната од синоќешниот статус за фрустрациите, решив на така поголемко да ви распаравам за фејсбуциските работи. Хмм…

Не е дека сум нешто којзнае колку адекватна, или имам право било што да ви објаснувам и продавам, но… сум разочарана. Ајде, така ќе кажам, иако и за разочараноста сами сме си виновни. Никој не не’ тера да веруваме во нешто/некого… самите си го правиме тоа.

Но, ајде… да не заобиколувам.

Јас цел живот се трудев да бидам фина и љубезна, обидувајќи се на секој кој е малку пофин од мене да му дадам уште поголема шанса… оф. Мака ми е, се’ би дала да го вратам времето назад, ама цврц.

И што добив? Давање премногу слобода, ете што добив. Добив секој кој си дал премногу за право да ми попува, да почне и да ме зафркава јавно. Мислејќи дека јас сум се’ уште наивната. Ок. Наивна сум да, што се’ уште и покрај се’, се трудам да не ве отерам во курац. Упс, тоа е љубезност, не наивност.

Добив да секој што не е задоволен со својот живот, да си даде за право да плука врз мојот. Добив да секој што не е задоволен со својата работа, да се потсмева на мојата. Добив да секој што не е среќен, да се подбива со мене. А, знаете што? Патетични сте. Навистина сте патетични.

Јас не се замарам со вашата професија, вашите дечковци/девојки/сопрузи/сопруги, јас не се замарам со вашите мислења кон мене, јас не се замарам со тоа како вие го живеете, јас не се замарам каде изглеувате, јас не се замарам каква храна јадете.

Јас не се замарам со вас! Јас се замарам со мојот живот, создавајќи свои лични правила на живеење, мислејќи како да си ја направам подобро работата, мислејќи како да станам подобра и поуспешна, мислејќи како да го направам мојот избраник среќен, мислејќи како да стекнат повеќе искуства….

Жалам, во мојот свет нема место за вас.

И не ве обвинувам вас, напротив, карактерот ви е трул. Не сте криви вие, криви се вашите. Не сте криви вие, криви се оние околу вас.

Мене ме научија да сакам. Но, криво ми е што мојата љубов ја делев како топол оброк на секого, а добив само презир и ладно срце. Криво ми е, но и тоа е лекција. Тешка, но добра лекција.

Ме научија да почитувам, тоа и понатака ќе го правам. Но, секого по заслуга… Колку ти со мене, толку јас со тебе. Животот е математика, а јас цел живот тапа математичар, само тежок филозоф.

Филозоф за животот, филозоф за пријателите, филозоф за љубовта, филозоф за врските, филозоф за семејството…

И сега филозофирам, но ако не сакате да ме читате, во ред е. Не морате. И онака знам кој ме обожава да ме чита, а кој се гази од смеење. Знам кој скришно ме чита, а кој јавно ме презира. Знам. Затоа што можете да излезете од сечиј профил тивко, а вие останувате. Дури и кога се обидувате да се/ги убедите себеси и другите дека имате некого за пријател само за да пукате сеир.

Имам и јас неколку такви… ама, ги заборавам. Ваљда сеирот за нив не ми е толку јак.

Поздрав другари, сакајте си го својот живот и не плукајте по туѓиот.

П.с. При отварањето на нов профил, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Посетено 396 пати