Балкану, тебе ниту сонце не те грее
Едно место во светот се именува како Балкан!
Тоа е поле на војни и омраза!
Таму секој гледа да му наштети на братот!
Таму…
Луѓето се сиромашни, богатите почви ги наводнуваат со солзи, но земјата не раѓа плодови, трула е од омраза, нервози и стресови, пуста е од дволичност…
Реките пресушуваат бидејќи кој ќе стигне уринира во нив, отпадоци се фрлаат како нивното дно да е место за тоа…
Дрвјата веќе не се радуваат на ветерот!
Лисјата нивни паѓаат! Не гледам детска среќа, не го слушам нивниот џагор…
Секој ден само приметувам како тонеме, а зарем уште не сме го допреле дното, може ли да биде полошо!
Сосед ли треба да мразам? Школски другар ли да навредувам? Со страв по улица да шетам?
Да немам сон бидејќи брат ми во ноќта сака да живее, па со трепет и надеж да го чекам да се појави на врата?Балкану, Тебе ниту сонце не те грее, ниту месечина те заспива!!
Твоите планини се само земја, Твоите реки се обична вода, езерата не се веќе огледала…
Балкану, поделбата на раси, вери, националности, одмазди и бес ти го избришаа сјајот…
или пак јас пораснав!
Посетено 2.504 пати