Ај ако сакаш части ме пијачка, гласав за вас
-зошто ти се такви очите, си спиел?
-не..плачев
-зошто?
-за Македонија
-па што и фали на Македонија ѓубре едно продадено
-ама плачев од среќа (излажав)
-е така може
-ај ако сакаш части ме пијачка, гласав за вас
-штооо?
-добро, не мора..дај ми само пари за автобус
да си идам дома
-море мрш да не те гледам, од такви паразити како тебе
пропаѓа државава
И така, идам пешки накај дома,
наредните 4 километра дождот ме покисна до гола кожа
ни дупнатите патики не ми помогнаа многу,
ни една кола не сакаше да ми застане,
напротив како за инает намерно ме прскаа
ама нема врска, уствари многу е убав дождов македонски
Кога ќе ми текне дека ист дожд не’ врне и мене
и Гоце Делчев и Александар Македонски,
и плејада револуционери и фини, насмеани окупатори
би требало да сум многу горд човек,
не знам зошто не сум ?
Изгледа до мене е проблемот, вероватно пак
сум ги измешал апчињата
Посетено 1.174 пати