Нашиот град Скопје е укакан…

како ли само не понижуваат, ветуваат асфалт, канализација и дрва..

Во Скопје откако сум родена секогаш имало дрва, трева и зеленило. И грмушки и цвеќиња. Тоа што не знаевте да сочувате е вашата фрустрација ..сакавте да гледате бетони до небо и згради без паркови.

Во Скопје има секакви топ коли ама немате улици за нив. И топ не ве бие.

Во Скопје имаме порцелански шољи за какање, ама градот не е целосно покриен со канализација. Е па гомна, е па гомна..
1.дрва имавме – ги исековте
2. три улици имаме во Скопје и тие се проблем
3. 21 век – ветувате канализација во цело Скопје , па се карате во дебатни емисии кој за што бил заслужен..ццц, резил до резил

објаснете им во ЕУ зошто е тоа така и кога ќе дојдат тука повозете ги со колите по споредните улички, однесете ги дома на ручек, па после седнете ги на порцеланските шољи па ако им е незгодно што нема канализација, покажете им грмушка или дрво каде да седнат и да размислат што нам ни се случува.
а, светот оди и граба живот напред..срам ми е луѓе

Соња Ајановска Деловска

Посетено 2.813 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!