Погрешни избори нема. Има само направени.

Бев мала кога мајка ми ми ја посочи линијата над нивата на баба и дедо и ми кажа дека се вика хоризонт. Тогаш си мислев дека тоа е единствениот хоризонт во целиот свет, дека семејно го поседуваме, заедно со нивата.
После разбрав повеќе за хоризонтите и патувањата, како и за тоа колку по алчно одиш кон нештото, толку подалечно станува тоа. Понекогаш. Особено ако си се поставил себе си на второ место.

Избуткај се напред! Одвнатре.

Тоа е вистината која ќе ти го исцели животот. И под „исцели“ имам во предвид дека ќе го направи многу по поднослив. Нема да живееш во приказна, но ќе живееш многу по реално.

Ако губиш некого – страдаш, зошто си се идентификувал со него, и сега кога него веќе го нема ти си никој, немаш лице, немаш име.

А луѓето си одат, умираат, не напуштаат, се одалечуваат деца, родители, мажи, жени, пријатели и ако тие ти биле на прво место, ти се отвара една огромна пропаст меѓу тебе и тебе.

Ние сме најдоброто со кое располагаме. Единственото впрочем.

И сме почетокот на сите кои ќе се случат во животот.

Таму, во онаа точка на кршење не стануваш секогаш најсилен.

Понекогаш едноставно си остануваш скршен. Никој не ти ветува голема среќа по несреќата. Животот не ти должи АПСОЛУТНО ништо.

Ти треба една потполна обиколка околу тебе самиот.

Дали правилно и цврсто ќе го држиш воланот во свои раце зависи од карактерот, од твојата мозочна биохемија, од смелоста и волјата, од тоа дали на другите ќе им дозволиш да управуваат со воланот, од тоа дали си добар шофер, трпелив и внимателен, од тоа колку си ја негувал колата и од еден избор – да избереш живот или смрт.

Ете гледаш… погрешни избори нема. Има само направени.

Ivana Ivanchy

Посетено 1.138 пати