Сака мерки како во развиените земји, а уште фрла ѓубре од прозор или тераса

Foto ilustracija: Telegraf/Shutterstock

Сака мерки како во развиените земји, а уште фрла ѓубре од прозор или тераса, уште фрла пикавци и остало ситно ѓубре кај ќе стигне.

Сака мерки како во развиените земји, а кашла и кива без да става рака и во услови кога нема вакви сериозни зарази. Сака мерки, а плука кај ќе стигне… и тоа из дна душе.

Сака мерки, а го остава изметот на кучето да му зјае во паркот и на секоја зелена површина, па и бетонска.

Сака мерки, а се понаша како шериф или како да е тој „татко“ на градот.

Сака мерки, а уште се служи со „Знаеш кој сум јас?“ кое инаку апдејтирана форма на „Знаеш кој ми е татко/мајка/брат/сестра/тетка…“

Сака мерки, а пцуе све живо и диво. Од деца, жени, па надаљнег. Се заканува на Фејсбук, Инстаграм и остала социјална мрежа.

Сака мерки, а се пали на тероии на заговор како сељак на политика.

Сака мерки, ама дома ја крши жената од тепање, пцуење и наредби.

Сака мерки, а единствено што му фали е кафаната и обложовалницата.

Сака мерки, а маска и ракавици нема допрено, а не па ставено.

Сака мерки, а се збира со кошиите во двор.

Со овој менталитет, сме поблиску до филмот Идиокраси, отколку до било која европска земја.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.591 пати