Ангел психопат со раскантани крилја

angel_zoki panker[fblike]
Седам на шанк и чекам да се појават првите муштерии,
редовните пациенти ама првиот гостин стварно ме изненади
Влезе еден ангел, со изгубен тажен поглед,
со раскантани крилја,
прљав и ужасно слаб, сучка
„текила ако може„- ми нарачува
„може, еве ти.. него многу чудно изгледаш,
ангелите ги замислувава мали, буцмасти и среќни
а ти си како поплава да те исфрлила“
„криза, што да ти кажам..нема работа за нас ангелите
не знам кога последен пат сум заработил нешто
ама затоа на ѓаволчињата супер им иде..се скршија од работа,
се изнакупуваа бесни коли, се чаталат по градов,
ни се смеат во лице“
„те сфаќам, такви станавме ние луѓето, нема многу добрина во нас“
„тоа е.. него да идам..колку должам?“- ја мавна текилата на екс
и малку му се врати насмевка на лицето
„ништо, ќе ми минусираш кога ќе дојде време
да имам работа со тебе“
„ти со мене? ..ај не си ги дигај акциите, ѓаволчињата
едвај чекаат да им паднеш во раце“
„што, демек јас сум лош ?“
„олош си..од полошите“
„еј?..и ти си ми бил ангел..ај губи се од тука психопата еден“
„кој е психопата бе мочко еден“
„А така ли?“- го викнав обезбедувањето и го скршија од ќотек,
пердуви летаа на сите страни
Он ми бил ангел, како не !
Треба Господ да почне да им дава дијазепами на ангеливе
ако сака да привлечат публика, овака не бива работа
Ако они одлепиле што останува за нас обичните смртници?
Посетено 789 пати