Глумата оставете им ја на актерите, тоа им е работа… Нека е честит денот на театарот!
27.03 – Интернационален ден на театарот, па нека е честит!
Не знам многу за глумата, освен некои трикчиња кои ги користам за да се справам со анксиозноста… но, само толку. Можеби повеќе е How-to-do-it.
Но, можам да замислам колку е макотрпно да се научи цел текст на памет, без грешка, без копче за назад… пред жива публика во вистински момент. Актерите и штиците што живот значат. И многубројна публика која постојано се менува, а репертоарот и колегите остануваат исти. Се’ е исто, а толку различно.
Во секоја публика има по некој „талент“ кој решава да ја сјебе целата претстава откако три пати ќе се јави на телефон, пет пати ќе искоментира гласно и неколку пати ќе се насмее да го чуе цела сала… а, актерите траат. Ги занемаруваат, се трудат да не ги слушаат, а однватре вријат… ма, не можам ни да замислам… што се заебавам.
И вака гледајќи, колку самата работа е навистина захтевна, се прашувам зошто упорно се трудите да им ја „украдете“ работата?
Цел живот среќавам луѓе кои нешто глумат. Глумат дека ме сакаат, глумат дека ми се пријатели, глумат дека се жртви, глумат дека се среќни, глумат дека се откачени, глумат дека се тажни, глумат дека се рамнодушни, глумат дека се емпатични… ма, глумат све и свашта.
Глумата, луѓе мои, оставете ја на глумците пошто тоа им е работа, а вие научете се да бидете искрени. И пред себе и пред другите… бидејќи додека вие глумите дека сакаат, другите глумат дека ви веруваат… и така во еден бесконечен круг… а, не сакате да се заглавите бидејќи е тешко да излезете од светот на лаги кои сами на себе си го креирате!
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира