Коронавирусот направи бура речиси ни сите континенти, однесе многу жртви, разболе илјадници, но и разори многу компании
Коронавирусот направи бура речиси ни сите континенти, однесе многу жртви, разболе илјадници, но и разори многу компании.
Едни од оние кои најмногу го почуствуваа неговиот удар се и туристичките агенции, Рапсоди по повод КОВИД-19 се пројави со изјава која ги разлути апсолветните:
По тој повод, Пепи Малев од туристичката агенција Ескејп, даде огромна поддршка кон своите колеги, па се пројави со свој став. Во продолжение го даваме неговото мислење во целост:
По објавата на колегите од Rapsody Travel & Events Macedonia во врска со Корона вирусот и рефундацијата на средства како и опциите понудени кон патниците прочитав многу негативни коментари и бурни реакции
Сакам да ве прашам:
1. Дали сте свесни за каква организација, ситници и ангажмани станува збор?
2. Дали сте свесни дека станува збор за 700 студенти и дека за сите хотели, бродови, водичи, превозници итн… е платено пред време
3. Дали сте свесни дека никој од тур операторите(соработниците), не ги рефундира средствата на агенцијата?
ДА БИДЕМЕ РЕАЛНИ!
Не е фер да се бара целосна рефундација на средствата по реалнo настанатата ситуација со корона вирусот. Колегите прават реално многу со тоа што рефундираат средства на разликата помеѓу реалниот трошок и добивката. Дават ваучери од 8000 денари со тоа што можат да бидат искористени за некое наредно патување во рок од 2 години и 10.000 денари ваучер за наредна апсолвентска екскурзија во рок од 2 години. Кога државата не може да помогне можете да помогнете вие студентите. Ве разбирам буквално сите студенти кои имате уплатено за апсолвенткса екскурзија и вашиот револт но разберете ја агенцијата и фактот дека НИКОЈ НЕ ГИ ВРАЌА УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ!
Како оди плаќањето:
Со самата ваша резервација и средствата што ги уплаќате, тие средства се уплаќат према соработниците, агенцијата не ги чува парите на сметка!
Дали сте свесни дека со 30.000 денари посетувате од 10-15 градови?
Со 30.000 денари во сопствена режија можете да посетите една метропола со тоа што ќе ви биде покриен летот, 3 ноќевања и туристичката такса. Со 30.000 денари во сопствена режија ќе посетите една метропола и тоа ќе се стискате цело време
Апсолвентската екскурзија е најевтината опција за да посетите повеќе градови!
Треба да бидете реални и да знаете што добивате!
Станува збор за агенција што во последните 10 години сите апсолвенти патуват со нив, агенција што нема извисено патник и агенција што гради спомени и моменти кои секој студент ќе ги памети до крајот на животот. Благодарејќи на овие апсолвентски екскурзии многу од студенти не се невини веќе.
Не сакаше и агенцијата да дојде до ова но станува збор за лоши и непредвидливи околности.
Повторувам уште еднаш:
Ве разбирам сите што имате уплатено и си ги барате уплатените средства и знам дека на никој не му е гајле за загубата на агенцијата туку само за своите средства НО да бидеме објективни и ФЕР да постапиме према агенцијата:
#Поддршка за Rapsody Travel & Events Macedonia
#ДаПостапимеФер