„Заслужуваш љубов за каква отсекогаш си сонувала!“, писмо посветено на секоја жена!

Ова е за жената која се смешка во текот на денот, а плаче пред спиење. За тебе која не мислиш дека си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа. Ова е за тебе, драга. Ако се чувствуваш осамена, ако сама се бориш низ денот.

Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица, јака и силна, а одвнатре си слаба и кревка. За тебе која почнува да верува во својата лажна насмевка. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе која пеколно се бориш, без разлика на тоа што животот ти носи.

Ова е за тебе која се креваш секој пат откако ќе паднеш. За тебе која не се согласуваш на ништо помалку од што заслужуваш. Ова е за секоја жена која се залажува за нешто повеќе од себе. За жената која вриска „искушај ме“, наместо да шепоти „зошто јас“. Ова е за храбрата жена која не се чувствува секогаш одважно.

Ова е за жената која се чувствува непривлечно, несакано. За тебе која понекогаш чувствуваш дека е премногу.

За тебе која премногу се грижиш, која премногу им даваш на другите, за тебе која премногу се трудиш, за тебе која предобро ги познаваш разочарувањата. Овие зборови се за тебе која сакаш премногу, особено оние кои тоа не го заслужуваат. За тебе која толку пружиш, а на крајот те оставаат со срцето на парчиња.

За тебе која си толку скршена што е прашање дали повторно би љубела. За тебе која се бориш сама со себе и непотребно постојано се тераш спрема доле. За жената која го живее својот живот низ цитати, држејќи за сето она што ѝ помага како би се чувствувала помалку осамена. Заслужуваш да бидеш сакана. Заслужуваш љубов за која отсекогаш си сонувала.

Ова е за тебе која веруваш дека можеш да го промениш светот, за страствената жена. За тебе која се сакаш, на која не треба никој да се грижи за неа. За тебе која можеш сè сама, за тебе која си независна и силна. Тоа е за тебе која никако да победиш. За тебе која си станала блиска пријателка со болката и одбивањето.

Која се труди и труди и на крајот е повредена. За тебе која не сигне да земе здив, која не може да освои успех. За секоја жена која во тебе се сомневала. Која сè уште своите способности го доведува во прашање. За тебе која понекогаш се мразиш. Ова е за жената која точно знае што сака од животот.

За жената со високи цели и уште поголеми соништа. За онаа жена која никогаш нема да дозволи било што да ѝ застане на патот. За тебе која секогаш го кажува она што ѝ на ум, за тебе која не се плаши. Ова е за тебе која знае какво е чувството да си потполно уништен од страна на друго човечко суштество.

За сите жени кои се емоционално убиени и успеале повторно да најдат љубов за оние кои ги изневериле. Ова е за тебе која знаеш дека не си сама, нè има уште. Ова е да знаеш дека си вредна, дека постоиш затоа што имаш цел. Постоиш затоа што секогаш некому ќе му бидеш сè.

Да се потсетиш дека си доволна, дека си прекрасна, дека си доволно паметна, доволно добра, дека можеш да постигнеш сè што ќе посакаш. Заслужуваш да бидеш сакана. Заслужуваш љубов за каква отсекогаш си сонувала. Не си сама и никогаш нема да бидеш сама, ние ќе бидеме тука.

Извор: infpult.info

Посетено 700 пати