Момо Капор на слава останал со празен стомак: Анегдота која ќе ве насмее, но и ќе ве научи на нешто
Одам јас така на слава кај еден домаќин во Мала Мокра Луга, а покрај мене седи неговиот осумгодишен син, се залепи детето до мене, не се мрда.
Ручек, знаете, како што е ред, почнува со гибаница, јас таман да земам, овој малиов вели:
„Чичко, да видите што имаме во рерна!“
Така стои работата, си мислам во себе, подобро е да не се прејадам на почетокот, отколку после, па да ја прескокнам и пилешката чорба, ладните батаци и белото месо, а кога дојде сармата на ред, таман пружив раце, овој малиот повторно ме влече за ракав и ми шепнува:
„Чичко, само да видите што имаме во рерна!“
Се откажувам повторно. Ќе го почекам она што е во рерната. Се заблагодарувам и на прасечкото, а сите ме прашуваат зошто ништо не јадам. Ни печените компири не ги допрев, ни туршијата, ни пројата, ни кајмакот, ништо.
Гледам, ги изнесуваат и колачите, а тука ни е и кафето.
„Што има во таа рерна?“, прашувам бесно, а малиот вели:
„Нашата мачка се омачи.“