Момо Капор за тоа како се губат пријателите: Зборови кои вредат да се запомнат
Како само им завидувам на пријателствата стари педесет години. Колку само била потребна љубов, трпение, помирувања со грешките, согласување на слабост.
Пријателствата се губат така што ги крадат жените (последен пат сме ги виделе на ергенската вечер), ги краде работата, ги крадат годините, времето, ги краде смртта, ги крадат некои други странски земји, ни ги крадат нивните деца, нивното име во весниците, нивното лице на телевизија, ни ги крадат нашите зборови за нив кои сме ги чуле од трети пријатели.
Одржуваме панично некои климави пријателства, криејќи ја сопствената слабост и стравот да не останеме сами. Најголемиот број на нашите пријателства се некоја врска на бедна спогодба со совеста, бегство од самотијата.
Како само им завидувам на пријателствата стари педесет години. Колку само била потребна љубов, трпение, помирувања со грешките, согласување на слабост; колку лукавства со години да се краде време од работат, од амбициите, од семејството и попладневниот сон – колку многу разбирања содржи таа слаба, кревка билка на пријателство измеѓу двајцата старци кои подолго од еден човечки век се наоѓаат во „Мажестик“, на пладне, после сите добри и лоши години!
Двајца старци во „Мажестик“, на пладне – двајца преку ноќ остарени дечки кои познаваат некои само за нив познати премини низ забранетите капии кои повеќе ги нема, дупките во тарабите, и таинствените тунели во изгубените градини, сега после сè се дружат секој ден на пладне – еден едниот плаќа, другиот пат – другиот плаќа.
Интересно, за крај на некое пријателство секогаш ги обвинуваме другите, никогаш себеси. Ретко кој од нас помислува за себе дека можеби има тежок карактер или склоност кон нови пријателства.
Што се однесува до мене, старите пријатели се вистинска драгоценост во животот.
Секако, како и останатите, склопувам нови познанства, но пред сè ги чувам пријателствата со оние кои ме памтат додека уште сум имал темна коса и сум бил склон кон лудории.