До кога ќе живееме со сопствените комплекси и ќе си ги криеме?!
Прв пат нарачувам било што од страница на ФБ со достава до дома…папучки, многу убави, два пара, број 39 и 40. Стигаат папучките, такви навистина многу убави 😀 но,….тие 40ката одговараат едвај на 38, а 39ката се мааалку покомотни…Ја препрочитав мојата нарачка, да не сум згрешила некаде… Ок си е. Праќам порака кај продавачот (не сакам да пишувам имиња, не ми е тоа поентата), со прашање за величините, збунета сум! Добивам одговор дека папучките се стандардни, одговараат на броеви од 38 до 41?! И секако, љубезно ме прашуваат: Како можат да ми помогнат 😀. Ма каква помош, сфаќам дека сум купила волшебни папучки. И за жива глава не ги менувам 😂.
По некое време, повторно на ФБ страница, продаваат летачки кукли. Видеото ме бендиса многу, ми разбуди некое убаво предновогодишно чувство на магија, волшебност, ми замириса на среќа и спокојство… Но, кукла немам на кого да подарам, ќерката ми е возрасна…праќам линк на колешка која има две принцези и сигурна сум дека куклава ќе биде полн погодок😀. Стигна нарачката (за мое и задоволатво на третата колешка) во канцеларија. На среќата ѝ нема крај, до отварање на кутивчето… видеото, рекламата за куклата и ова што стигна нема врска едно со друго. Очајно… се почуствував виновна, бидејки јас бев иницијаторот. И… почнав истрага.
Сигурно едно 10 страници ја продаваат истата кукла. Рекламата-видеото е исто кај сите и сите продаваат ИЗМАМА!!! Образложението е исто, тие од рекламата се 990 денари ама имале маана, па затоа сега ги продаваат за 490 денари без маана???!!! Потенцирав дека пораката ми е добронамерна и прашав: Дали се свесни сите тие 10 дека прават класична измама? Одговор: до сега никој не се пожалил и “нормално” ме блокираа. Блокирањето ми беше уште една потврда дека сум во право, но тоа ама апсолутно ништо не ми значи.
Се натажив на помислата “дека сите се задоволни” и воедно се запрашав до кога ќе си ги носиме папучките и ќе си ги летаме куклите со задоволство? Дали толку сме очајни што се срамиме да се побуниме за свои пари, или се срамиме да кажеме дека сме биле глупи и сме нарачале на слепо, па што ќе кажат другарите, комшиите, колегите… До кога ќе живееме со сопствените комплекси и ќе си ги криеме?! По долго размислување, сфатив дека Макрон е крив за се’!
ФБ статус на Ивана Ордевска