Јас и мојот “емотивен затвор“ наречен анксиозност – Марија Прличкова

Јас мојата анксиозност вчера во една прилика ја нареков „емотивен затвор“.
Колку поскоро човек се соочи со својот проблем, толку полесно ќе го надмине. Никогаш криењето на проблемите под тепих не решава ништо, туку соочувањето очи во очи со него.
Колку повеќе стануваме свесни за внатрешните робовладетели, толку полесно ќе се ослободиме од нивните окови.

Под „емотивен затвор“ поразбирам:
– неможност да се искажат во целост чувствата
– страв од несфатеност
– натрупаност од негативни емоции кои не се исфрлени онојпат кога требало
– преќутени зборови и навреди
– голнати кнедли, гордост и достоинство
– синдром на „не си доволно добра“
– ниска самодоврба
– страв од невклопеност
– страв од неуспех на многу полиња
– страв од губење на сакана личност
– страв од нечија смрт
– страв од „да не сум предосадна“
– страв од осаменост…

Јас и се’ повеќе затвореници невини лежиме во тие ладни душевни зандани. Рафтовите на нашите срца се исполнети со гнев, тага, бес, страв…
Па оттаму често сме и клаустрофобични дури и кога сме на отворен простор. Се гушиме, чувствата кои веќе се премногу и чиниш ќе експлодираат, веќе се долу… Во желудникот! Тогаш настанува исфрлање на едно поинков начин. Сите негативни емоциии ги исфрламе додека не ја исфрлиме и нашата желудочна киселина.

Се смируваме. Паничните напади, емотивните испади се смируваат заедно до нас. А ние, ние сме изморени. Што од „прочистувањето“, што од повторното враќање во келијата.
И повторно исто… Одново и одново… Отслужување на некоја казна, која не сме ја ни сториле… Ох, Боже… Па се чувствувам како животно во кафез.
Невина, немоќна и фрлена. Во сопствениот затвор чии стражари се срцето и умот.

Жртва на сопствениот ум. Жртва на својата чиста свест и уште повалкана потсвест, чинам. Затоа што таква е анксиозноста, те тера да мислиш работи, кои не ги мислиш… Само за да се обвинуваш, само за да анализираш, да анализираш до бессозание, до онесвестување. Од утро до мрак.

“Каде згрешив? Ќе бидам ли добра мајка? Добра домаќинка? Добра сопруга? Добра колешка? Добра другарка? Добра роднина?…
Можев ли нешто да сменам? Ќе сменам ли денес? Ќе сменам ли утре? Ќе се подобрам ли некогаш или ќе останам ваква уништена засекогаш?
Камо да можев да го вратам времето, само камо да можев, немаше така… Немаше никој да страда… Не, не, јас сум крива…“

Отрпилика вака звучат нашите мисли секое утро, секој ден, секоја вечер. Ние сме грешни, ние после 5 минути покажуваме знаци на каење. Ние се обидуваме дека зрешивме и пробуваме да се исчистиме.
Другите ова го сметаат за слабост, глупава слабост.
Нека сме и кукавици. Нека сме и слабаци. Нека сме и коркачи. Ние сме само обични смртници.

Јас мислам дека и предметите имаат душа. Поголема од обичната.
Јас во секого ја барам душата.
А во една личност, ја најдов… Тоа е мојот Емил.

Посетено 699 пати