Курс за мажи (од женски агол)

Се’ си е уредно по поглавја, само кој да го примени е работава…

Прво поглавје

  1. Да научи како да живее без мајка му (2.000 часа)
  2. Мојата жена не е моја мајка (350 часа)
  3. Како да сфати дека фудбалот е само спорт (500 часа)

Второ поглавје

  1. Да не претерува со храната и пиењето (500 часа)
  2. Како да го превладее синдромот на далечинскиот управувач (550 часа)
  3. Како да преживее настинка без драка (100 часа)

Трето поглавје

  1. Како да си испегла маица за помалку од 2 часа (практична работа)
  2. Како да ја користи храната без ждригање (практична работа)
  3. Како да не уринира околу WC школката (практична работа)

Четврто поглавје

  1. Почетнички степен: куќни апарати – ON(уклучи) и OFF (исклучи)
  2. И за напредните: Мојата прва супа од ќесичка без да претече (практична работа)

Теми за дискусија: Со оглед на комплексноста на темата, може да учествуваат најмногу 8 кандидати:

  • Тема 1: Пеглање – од машината за алишта до ормарот… тој е оној мистериозен процес.
  • Тема 2: Опасност при перење на садови и бришење на истите (демострација).
  • Тема 3: Ти и поправките – Економските и животните предности кога едноставно се повикува сооедветен мајстор.
  • Тема 4: Последното научно откритие – Готвење и исфрлање на ѓубрето – НЕ предизвикува импотенција.
  • Тема 5: Иако си во брак со неа, смееш да ѝ купиш цвеќе (разговор со психијатар).
  • Тема 6: Хартија за во тоалет – Дали знаете дека хартијата сама расте на држачот за хартија?
  • Тема 7: Како да го спуштите капакот од WC школката – Чекор по чекор (видео конференција со Харвард).
  • Тема 8: Детергенти и омекнувачи – Дозирање и употреба (практичната работа се одвива на отворено).
  • Тема 9: Основната разлика помеѓу кантите за валкана облека и подот (лабараториски експеримент).
  • Тема 10: Мажот како совозач – Дали е практично возможно да не коментира додека таа го паркира возилото? (Курс на хипноза)
  • Тема 11: Комуникација – Ментални вежни за разбирање, ако некое нешто е во фиока, да не се прашува „а, во која?“ туку да се обиде да сам да го пронајде.
  • Тема 12: Дали филџанот за кафе може сам да прелета до мијалникот? (практичниот дел го води Дејвид Коперфилд)

Курсот е преземен од тука.

Посетено 180 пати