Не се сакало чоек.. Е како бре ?..
Не се сакало чоек..
Е како бре ?..
Да не се сака чоек..
Што ти седи на срце..
И диши за тебе..
И ќе те опули..
Онака милно..
Не со очите…
Ами со душата..
Ќе сетиш..
То не е игралка..
То е сакање..
И сега..
Пукни си…
Оти без сакање..
Не бидува…
Не е само плукни залепи..
Ејј..
Ами е живеачка…
Без љубов, ко без памет..
Ќе ака душа пуста..
Векот цел..
Ко низ вилает..
Зато, се рекло..
Убо…
Да се има..
Мерак, ниет за неа..
Од векој борба..
Паѓале цареви, круни..
За тој мерак…
И сега нова мода…
Без ниет, без севда..
Дрн, дрн…
Прикаска..
Ова мадиве…
Ѓоа така било мода…
Секој сам по сам…
Ко риба без вода..
А бре не си играјте..
Играчки, плачки..
Векот е еден, брзо со врвит..
Се сака чоек,…
Ништо со него не се мерит..
Тој ќе те опулит..
Тој ќе те згрнет..
Тој ќе те чует..
И кај него ќе заспиеш..
Еми така..
Како поинаку..
Оваа младината..
Само прискокува…
Окол, наокол…