СТОП ЗА БУЛИНГОТ! #ИЈасСумЖртва

Темата за и околу булингот ми го пече срцето и душата во исто време. Ми ги гори, ги пржи сите нерви во исто време… Ми навраќа спомени од едно помалку омилено време, време на тешкотии и болка. И тоа не било каква, туку душевна болка… А, таа е најтешка за лечење… Понекогаш се потребни и години за да дојдеш до некој стадиум на пребродување… Но, само понекогаш…

Колку од вас се свесни што значи булингот? Колку од вас сте биле жртви на булингот или пак сте во моментов? Колку од вас познавате што бил/е во таква ситуација? И кога конечно ќе се подигне нивото на свесност за последиците од него?

Не е дека булингот е некаква новост, апсолутно НЕ Е… И за жал нема ни да престане, колку ние и да не сакаме да си го признаеме тоа… Но, можеме да го превентираме, можеме да го сопреме, можеме да го спречиме, можеме само ако сите заедно се бориме за тоа…

По основањето на #Metoo искрено во мене се роди некоја надеж дека би можело истото да се случи и со раскажување случки од својот живот токму на оваа тема – ЗА БУЛИНГОТ. По тој повод основав група наречена АУТСАЈДЕРИЗАМ, каде што жртвите би можеле да си ја „олеснат“ душата… Не роди со некој посебен плод, но сепак имавме исповеди. Душата ми се наполни, си реков дека не сум сама… Има и друг што има доволно „муда“ да истапи и да каже: ДА, И ЈАС СУМ ЖРТВА!

Никој нема никого да сожалува, никој нема никому да се смее ако истото го доживеал, туку само ќе си најде сојузник во борбата и во револуцијата која очигледно му треба на целиот свет.

Не сакам да живеам во свет каде што малолетници се потенцијални насилници, силувачи, робијаши, криминалци, убијци! Не сакам да живеам со помислата дека и денес некаде некое дете (без разлика на полот, годините, расата, националноста, сексуалната определба) трпи нечии навреди и потсмевања. Не сакам да растам дете во таков свет, плашејќи се да не се врати расплакано затоа што погледнало случајно „како што не треба“…

Не сакам затоа што е крајно фрустрирачки, болно и демотивирачки. Не сакам затоа што го претрпев на своја кожа и не ми е најомилениот дел од мојот живот… Впрочем, мојот живот го делам пред училиштето и после факсот… Со мали исклучоци, има денови кои засекогаш ќе ги паметам… 🙂

Планирам да напишам селф-хелп бук точна за оваа тема, затоа што верувам дека многумина поминуваат низ таа фаза низ која што поминував и јас. За среќа, сега сум доволно јака да не ме повредуваат туѓите лечења на комплекси. Танкс гајс фор дет! Ме направивте јака и анти-плачка… Ми доаѓаше да пуштам солза дур ги пишував почетните параграфи од постов, но се воздржав… Старата Марија ќе ронеше солзи, ќе пишуваше и на крај сето ова ќе го сочуваше како драфт негде во некој фолдер… Без самодоверба, без чувство за ризик од несвиѓање од страна на општеството… Ќе се трудеше да им се допадне на сите… Ќе се насмевнуваше со сјај во очите секој пат кога некој ќе ѝ побараше некоја услуга… Ќе одеше кај психолог и ќе му се исповедаше… Но, на крајот на денот ќе ја наполнеше перницата со горки солзи и ќе се разбудеше со насмевка… Со надеж за поубаво утре!

Поуката за самодоверба, цврстина, јака личност може да се добие на многу поубави начини… Не секој може да го извлече максимумот во најпозитивна смисла на зборот, не секој може да продолжи како ништо да не било… Не можам ни јас, но се трудам… Секој ден се’ повеќе и повеќе…

Булингот е виновен за нечија (и моја секако) анксиозност, депресија, ниска самодоверба… Виновен е за бројни трауми и тешкото стекнување пријатели, виновен е и за тешкото стекнување доверба… Виновен е за бројни подоцна стекнати проблеми како ‘дткање, препотување, разни фобии и стравови, исомнија и асоцијалност.

И зошто?

Затоа што на дечишта од 10+ така им текнало! Да да, дечишта! Тоа не се невини суштества кои имаат осет за емпатија, другарување и помагање… Тоа се деца полни со фрустрации, малечки монструми!

Треба да чекаме да се деси нешто полошо? Следна жртва со уште полош крај?

Ве молам да не го сфаќате мојов пост како било каков говор на омраза, повикување на бунт… Сфатете го како човек што се бори за правата на оние кои се најбеспомошни!

Денес е некое девојче, утре може да биде некое ваше дете! А, за несреќа малку треба!

Ве повикувам сите заедно, без разлика дали во било кој начин сте биле до допир или сте се’ уште со БУЛИНГОТ, да кажеме СТОП на насилството во училиштата и надвор од нив! Да не дозволиме да се лејат невини детски солзи поради туѓи ку*ќеифи… И тоа детски ку*кеифи да е уште пострашна работата…

За мене 1-ви септември доби поинаква смисла, а школото поинаков изглед… Не дозволувајте и на некое друго дете да му се случи истото!

П.С. вистински ги поздравувам оние кои беа тука со мене кога ми беше најтешко, и кои никогаш не ме гледаа со иронија и потсмев во очите – Моето семејство, неколку пријатели и се разбира Емил.

Посетено 1.386 пати