Мачката Снежана


Мачката Снежана беше плишана играчка, стара 26 години, сопственост на моите золвички – близначки и зачувана по некоја случајност. Рожбата моја и’ се трогна веднаш и си ја земавме дома. Снежана стана составен дел од нашите животи. И така наеднаш станавме четиричлено семејство. Нормално, секаде ја носевме со нас. Чедото наше имаше три годинки и веќе беше етаблирана шефица по дома.

Сабајлечки “морално” беше да се подготват две ранчиња – за Мачката и за рожбата. Сѐ исто – маички, чорапки и други потрепштини за градинка пљус закачалка за Снежана. Шо мајки бараше закачаллата во ранчето – уште сме во чудо. Може Снежана беше педантна, па во градинка си ги ставаше алиштенцата на закачалка.

Наутро стартувавме со наредба:

– “Денес на Снежана ќе и’ облечеш хулахопки и кондури и розевото блузиче”.

Ајдеееее….на кратките ноџиња на Снешка натакнувам (со цел памет) хулахопки – врц, врц, врц и кондуркииии со врвциии….Ранчињата, ” децата” и креЧемооо…Се втеруваме во старата црвена “Буба” и брм, брм се разнесуваме.

– Татичко, да не возам брзо за Снежана

– Не тато, добро е

p.s.Ризик јак со прикаскава. Имам строга забрана од рожбата да ја пишувам по статуси

Посетено 264 пати