До кога ќе не лажат во матично со фино спакувани зборови?

Одам на регистрација на еден другар. Завршува церемонијата, и искачаме пред матичното со чичко му да пушам цагара. Го гледам нешто разочаран, благо изнервиран како луто тегне од цигарата. Го прашувам:

-Мајсторе, се ли е у ред, дај малце ведро, насмеј се, си имаш снаа…

Он накурчено:

-Абе се тоа у ред, ама до кога ќе не лажат бе овие матичари со фино спакувани зборови и реченици?

Ja:

-Зашто бе, шо па сеа бидна?

Чичкото:

-Па ништо бе сине, ако беше искрен матичарот требаше церемонијата да ја започне со зборовите: ”Се собравме овде на комеморација на младоста и слободата на…”

Посетено 2.528 пати