Љубомора
Љубомората е едно од најнепродуктивните чувства. У животу барем еднаш секој ја доживеал. Нема поштедени.
Клиничка слика и симптоми: жолти тажни очи, болка во желудник проследена со такозвано виење на истиот, изеден џигер, градна болка, излуфтирана глава полна со хелиум, одвратно понашање кон околината, плачката на готовс во секој момент и друго (дополнете по сопствено доживување).
Чаре? Чаре нема. А зошто? Затоа што проекцијата во хелиумската глава ве “вози” само во еден правец – ќе ви го одземат љубениот/љубената и ќе ви го однесат во непознат правец!
Најстрашно е кога љубомората е ирационална. На пример љубениот/љубената разговара со некого и се смешкаат двајцата. Тогаш желудникот се качува до хранопровод и се враќа со прст назад во анатомската положба.
Кога завршува љубомората? Индивидуален е процесот. Кај некои људи никогаш, што е многу тужно.
Во секој случај во постљубоморниот период чувствувото на индивидуата се сведува на “како можев да бидам онолкава неопевана глуперда”.