Не се домашни миленици за секакви морони!!!

Пијам кафе преска, пукнало доцна-есенското сонце и покрај кафичите минуваат дечки и девојки шо шетаат кучиња. Да го искористат времето пред чичко Целзиус да стане негативно копиле.

carove[fblike]

Еден горд сопственик на титулата ‘Сељачиште’ константно го коментираше секое ново минување од ново. Од прилика вака:
‘Шо е ова бе, марш, чибу, стоќи невакцинирани!!! Шетајте си ги дома!!! Не тука!!!’
Една ќелнерка го праша:
‘Добро, до толку не поштуваш миленици?’ Ел-Сељачино одговори:
‘Срце, од четириножни животни поштувам само напупена жена за доги-стајл’ и квази-мангупски намигна…
Си ја доби заслужената порција чаша вода у фаца, а еве сега чекаме да пристигне медалот за Тарзан на годината, и свечено да му го врачиме…

NikoBanerTel_Web

Посетено 590 пати