Chivas Regal vs Треска Мебел

chivas_treska_majkatiitatkoti
„Кај си бе, од кога не сум те видел“ – ме изгушка
како мајка и’ на жена ми што ја немам
„Ептен сум среќен, ќарив многу пари“- продолжи со монологот
„Ај честито..како ќари?“
„Ми падна кец у кец, двојка у кец, тројка у двојка
квадратен корен од двојка у кец…“
„Си добил некоја награда математика?“
„Не бе.. на Екјхкјхкј фатив двојка у кец,
на Ткјгхгнкухуи кец у двојка..“
„Да ме убиеш ако ми е јасно што ми збориш“
„Спортска бе глуп.. Монголска втора лига“
„Аха“
„Ај сега што да те частам?“
„Чивас Регал…. може?
„Штооо?“
„Добро де, знам дека е скапо ама ако си ќарил толку“
„Ја дома имам Треска Мебел стар 30 години
а тебе да те частам
онаков Ччч… Регал, ти нормален си?“
„Леле извини заборавив.. треба да
идам на курс за хранење верверички
исто како да си ме частел..фала“- му кажав,
излетав од кафиќот како попарен
и отидов право на хемиско
„Добар ден, господине..што е за чистење?“
„Се’…почни од мозоков“
Посетено 413 пати