За сега има само еден осомничен

911-call_majkatiitatkoti
911
………………
Што да правам , од сите „итни“ броеви
го знам само 911,
многу филмови гледам
Го вртам тој број, нема друго !
Што има врска што е во Америка,
болка си се болка, сите исто не боли
„Што е проблемот?“ -ме прашува операторката
„Душава ме боли“ – кажувам
„Од која страна ? “
„Од сите страни“
„А што се случи?’
„Бесплатен е повиков ?“ – културно си прашувам
„Да“
„Е па да почнам“ .. и земав да зборам,
да зборам, да зборам ….
По некој саат од таа страна на слушалката
се слушна истрел и некој тап звук !?
„Да , повелете , јас сум новата операторка,
претходната нешто се самоуби “– слушам друг глас
И ја почнав приказната од почеток,
После неколку саати исто..истрел и тап удар
Повторно се јави нова операторка
Приказната се повтори
И така јас со денови зборам
а таму на секој неколку саати се слуша
истрел и тап удар па ми се јавува нова оператока
Помина еден месец, врската се прекина ?!
Одма вртам пак на 911 и се јавува аутомат
и ми вика
„бираниот број не постои“
Еј се зачудив, некоја техничка грешка мора да е
Ај додека да го поправат кварот си пуштам ТВ
и на breaking news на CNN гледам
„Под мистериознио околности
во минатиов месец се самоубија
сите операторки на 911.
Фби и ЦИА го истражуваат случајот
и според првите сознанија се работи за
меѓународен ментално- терористички акт,
За сега има само еден осомничен
Се шпекулира дека станува збор
за еден ектремно досаден Фиромијанец
Белата куќа апелира сите
што знаат повеќе од 2 прости реченици
да се јават во седиштето на 911 за работа“
Охо, овие да не мислат на мене?
Па не сум до толку досаден, што им е на луѓево?
Ама ај ќе го исклучам телефонот,
за секој случај, ако ме бараат
ќе се правам дека спијам
Посетено 331 пати