Бидете креатори на сопствениот живот

saki

Кога ќе размислувате за вашето минато, ќе сфатите дека тоа ве направило тоа што сте денес. Сите луѓе кои некогаш во вашите очи биле лоши всушност биле вашите најголеми учители. Дури тогаш кога ќе сфатите дека сите ние сме овде за да покажеме кои сме и да учиме едни од други големи нешта, ќе почнете да гледате се низ призма на љубовта.

Тогаш ќе знаете дека сите биле дел од вашите животи со голема причина и на процесот наречен живот ќе верувате во целост.

Сите наши таги, разочарувања, нервози, стресови не доведуваат до тоа денес да го живееме животот со полна пареа. Ќе не измени самото сознание дека никој нема да извлече ништо од негативните мисли и горчливата реалност каде што луѓето се лоши доколку работите не ги превземеме во свои раце.

Кога ќе ги сфатите сите овие нешта ќе дојдете до сознание дека вие сте креатор на сопствениот живот. Ќе сфатите дека сите болки, таги, стресови и страдања биле ваш избор и истите не можеле да престанат да се случуваат додека вие сами не одлучите дека ќе престанат.

Со тек на време повторно ќе му се вратите на животот.

Сега повторно ќе одбирате, но свесно дека живеете во една реалност каде луѓето се добри, каде што се што ќе посакате можете и да го имате бидејќи вие тоа и го заслужувате.

Понекогаш ќе се вратите наназад и ќе се заблагодарите за се она што ви се случувало, а и за она кое во иднина ќе ви се случува. Убаво е да се знае дека сето тоа вредело и дека и понатаму вреди.

Понекогаш желбите можеби ви биле да заминете некаде во потрага за мир и тишина, а денес сфаќате дека сето тоа сте вие самите.

Сфаќате дека не мора никаде да одите каде што ќе ве чека мир, спокој, љубов и среќа.

Сознанието е совршено кога ќе сфатите дека сето тоа сте вие самите.

Вие сами одлучувате дали ќе се чувствувате тажно, среќно, нервозно и налутено.

Потребно е само да се разбудите и да ги избришете сите илузии од вашите очи.

Понекогаш сте имале желба да го измените Светот, а денес одбирате да направите промени кај вас самите.

И само да знаете, овој свет за вас ќе биде сосема поинакво место отколку што ви било порано. Всушност, можеби Светот и бил ист, но вашите гледишта кон него го правеа да биде лош и грд.

Имате можност на избор.

Вие одлучувате дали ќе се чувствувате тажно, среќно, нервозно или пак налутено.

Можете да одберете како ќе живеете и како ќе се чувствувате.

Вашата благодарност ќе биде огромна.

Вие сами можете да ги менувате своите животи. Можете да сведочите на чуда и промени кон подобро кои ќе ви се случуваат во животот.

Никој не може да ве доведе во состојба на тага, очај и болка доколку вие тоа не го дозволите.

Запомнете, никогаш другите нема да бидат виновни за тоа, ниту пак одговорни.

Вие сте тие кои одбирате како ќе живеете и како ќе гледате на случките кои ќе ви се случуваат во вашите животи без разлика дали тие ќе бидат сакани, несакани, убави или неубави.

Гледајте ги со љубов оние кои вас ве гледаат со љубов.

Праќајте љубов на сите, насмевка и радост.

Бидете магнет за привлекување на чуда во вашиот живот, бидејќи вие тоа го умеете.

Насмевнете му се на животот!

Не дозволувајте среќата да ви зависи од другите, бидете среќни без оглед на околностите.

Работете го тоа што го сакате, тоа што ве исполнува и тоа што ве чини задоволни и среќни.

Тоа сте вие и бидете најдобрата верзија на себеси!

Посетено 629 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!